Во Хрватска 361 лица се заразени со коронавирусот, за 46 повеќе од вчера, објави министерот за здравство Вили Берош.

Иако на прв поглед бројката изгледа голема, сепак сме задоволни што е помала отколку што очекувавме,  рече Берош на прес-конференција.

Тој кажа дека биле тестирани 3.013 лица, а состојбата на еден од пациентите се влошила, додека шест пациенти се ставени на респираторни машини.

Нивната состојба е стабилна и укажува на можноста за закрепнување“ рече Берош, јавуваат хрватските медиуми.

Тој прецизираше дека просечната возраст на пациентите е 49 години, а 56 отсто од болните се мажи, додека 44 се жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.