Меѓу уапсените припадници на криминалната група на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, е и поранешниот полицаец од Лозница, Владо Георгиев, кој, како што дознава српски Курир , од април минатата година му бил менаџер на раперот Стефан Ѓуриќ Раста.
Георигев инаку го променил идентитетот, а до неодамна се викал Драган Секулиќ.
Има сомнеж дека Раста, кој е уапсен во 2020 година, откако кај него биле пронајдени 600 грама дрога, бил поврзан со криминалата група на Невоља.
Сега е откриено и зошто џипот мерцедес, кој Раста го зел на лизинг, на денот на апсењето бил запленет. Имено полицијата го одзела возилото за да утврди дали истото е користено за ликвидации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.