Што пишува прочитајте ми
Пишува дека е еден од членовите
Ама прочитајте ми, јас ви верувам вас, имам наочари не можам да видам..тука ништо не се гледа..прочитајте ми што пишува, оставете ги тие трикови…
Поради оваа расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, и беше примен на Воено-медицинската академија во Белград.
Новинарот кој наводно го растревожи Вучиќ всушност го потсети на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба.
За здравјето на Вучиќ се огласи министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот.
Ситуацијата на Вучиќ е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.