Српски Курир ја открива најголемата мистерија во Србија, убиецот на Јелена Марјановиќ, но и позадината на монструозното злосторство.
Драгоје Милинковиќ, бизнисмен од Прибој ја убил пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, но по налог на свекрвата Зорица Марјановиќ.
Ова го пишува во анонимното писмо кое стигнало во Вишиот суд во Белград, пред почеток на судењето на Зоран Марјановиќ, на кој му се суди поради обвинението дека на 2 април 2016 година на насипот Црвенка во Борча ја убил сопругата Јелена Марјановиќ!
Како што се дознава, писмото од непознатиот испраќач стигнало во суд во Швајцарија, а во него пишувало дека Јелена со повеќе удари со тап предмет во глава ја убил човек кој бил клиент на мајката на Зоран, Зорица.
Таа му понудила пари да ја убие нејзината снаа.
Убиецот знаел каде ќе трча Јелена и таму ја чекал по инструкциите на Зорица – пишува анонимниот испраќач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.