Овој предлог за доверба е поврзан со тоа дали се согласуваме или не со Договорот од Преспа, затоа сме принудени да не дадеме глас за доверба, рече лидерот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.
Во неговиот говор од грчкиот Парламент за време на расправата за гласање доверба, Каменос уште еднаш го повтори неговиот став дека не се согласува со сложено име со географска одредица со терминот Македонија и го повика грчкиот премиер уште веднаш, да ја прекине расправата за гласање доверба и да распише референдум за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.