Новиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој вчера официјално ја презеде функцијата, во својата првата одлука нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот.

Станивуковиќ на социјалните мрежи информира за одлуката и објави фтографија од својата работна маса полна со клучеви.

Никој веќе нема право да користи службени автомобили за приватни цели, како што беше досега. Над 70 проценти од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани, а подготвен е и нов Правилник за употреба на овие возила – истакна Станивуковиќ.

Тој додаде дека има и автомобили во вредност од над 100 000 конвертибилни марки (околу 50.000 евра), кои, како што најави, ќе се продаваат „затоа што има поприоритетни работи за граѓаните на Бања Лука“.

Станивуковиќ истакнува дека расипничкото однесување мора да запре.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.