Доцна синоќа во близина на мостот Бистрица бил ранет Србин од Звечани, пренесуваат српските медиуми.

Како што неофицијално дознава Косово онлајн, додека возел автомобил на главниот пат од Лепосавиќ кон Звечан, бил застрелан од припадници од специјалната единица на косовската полиција – Росу.

Според дежурниот хирург во КБЦ „Косовска Митровица“, д-р Никола Радојичиќ, опериран е М.Ј и се наоѓа во шок соба.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, потврдил дека косовската полиција синоќа пукала во Милан Јовановиќ кај мостот Бистрица на патот Лепосавиќ-Косовска Митровица.

„Разговарав со неговата сестра Надица и со лекарите. Раната на Милан е на десната страна на градниот кош и неколку милиметри го делеле од смрт“, изјави Петковиќ за ТВ Прва и го осуди овој напад. Тој изјави дека Јовановиќ е мирен, семеен човек, татко на три деца и по професија таксист.

Косовската полиција негираше дека нејзини членови пукале во Јовановиќ, а Петковиќ ги праша зошто не сакаат да ја покажат снимката од камерата од местото на настанот, пишува српски Телеграф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.