Премиерот на Албанија Еди Рама оцени дека Западен Балкан не е во добра фаза, а поради тоа ЕУ треба да биде внимателна.
Тој во интерјву за грчка „Та неа“, вели не се плаши од дестабилизација.
„И политичките фактори внатре во Западен балкан, и во Европската Унија, мора да бидат внимателни. Симптомите од овој вид не се за потценување“, вели Рама.
По прашањето за отворање преговори на Албанија со Еу за членство кон крајот на годината, Рама е песимист.
„Не е прв пат да слушнам такви предвидувања од високи фуинкционери на ЕУ и нема да биде прв пат да нема да можат да го одржат ветувањето. Не очекувам ништо“, рече Рама.
По повод последниот состанок во белград во рамки на иницијативата Отворен балкан, Рама вели дека не е постигнат толкав напредок колку што би сакал и дека на следниот состанок во Тирана ќе се постигнат одредени цели по пташање на слободното движење на производите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.