Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обидот за палење на знамето на Србија за време на вчерашниот протест во Тирана, истакнувајќи дека за време на неговата посета на Белград на плоштадите биле палени албански знамиња и дека полицијата ги апсела оние кои ги палеле.
Коментирајќи го обидот за палење на државното знаме на Србија на протестот против самитот на иницијативата Отворен Балкан и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Албанија, Рама наведе дека „вистината е дека тој ден кога го посетил Белград, главниот град на Србија беше полн со албански знамиња“ и дека „хулиганите кои ги палеле знамињата ги уапсила полицијата“.
Вистината е дека во Белград зборувам албански и ги бранам интересите на сите Албанци и нормално Албанија, вистината е дека во Белград на албански побарав признавање на Косово од Србија, токму во претседателската палата, и тогаш ме правевте херој, но јас тогаш не бев херој и не сум предавник сега, бев едноставно премиер на Албанија, напиша Рама на Фејсбук.
Околу критиките на сметка на Отворен Балкан, Рама кажа дека таа не само што е иднина за децата од регионот, туку дека има стратешки интерес за државата и целиот албански народ.
На вчерашниот протест кој траеше два часа лидерот на албанската опозиција Сали Бериша иницијативата Отворен Балкан ја опиша како проект на Белград, чијашто цел е српска хегемонија во регионот, обвинувајќи ги Вучиќ и Рама дека се обидуваат да ја уништат независноста на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.