Премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе разговара со бугарскиот претседател Румен Радев за начините на кои може да се дојде до решение на бугарско-македонскиот спор со цел одблокирање на евроинтегративните процеси.

Рама ваквата порака ја испрати за време на својата официјална посета на Бугарија.

Работен состанок со претседателот Румен Радев на кој разговараме за за одличните билатерални односи и за потребата од дијалог за да се реши критичниот спор меѓу Бугарија и Македонија, кој во моментов го блокира дури и повикувањето на Албанија на меѓувладина конференција со ЕУ – порача Рама.

Во рамки на посетата на Софија, Рама оствари средба и со вршителот на должноста премиер на Бугарија, Стефан Јанев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.