По повод негативниот став на Косово за проектот Отворент Балкан и одбивањето да учествува во иницијативата, премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека таквиот пристап не води никаде.
Рама во интервју за „Њуз24“ истакна дека премиерот на Косово, Албин Курти, има негативен пристап во однос на иницијативата Отворен Балкан, којашто, како што наведе, ќе придонесе за решавање на проблемите меѓу Косово и Србија.
Мислам дека пристапот на Косово, поточно на креаторите на политиките и носителите на одлуки во Косово, е длабоко различен. Тоа е нивно право, но од друга страна, убеден сум дека оваа иницијатива е неопходност, но и пристап за ослободување на многу затворени потенцијалите на овој регион и олеснување на дијалогот и конечното решавање на косовското прашање – изјави Рама.
Тој додаде дека не сака да влегува во полемика со Курти, но дека неговиот пристап не го води Косово никаде.
Албин има своја визија. Му посакувам најдобро на Косово и затоа не можам, а да не кажам дека сегашниот пристап е предодреден да пропадне и дека тоа Косово не води никаде. Косово е веќе неколку години позитивен, сигурен и посакуван партнер на албанските сојузници. Но, овој пристап не е позитивна работа – изјави Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.