Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека е решен да го смени претседателот на Албанија, Илир Мета, од неговата позиција бидејќи „ја посрамотил земјата“.
Рама рече дека претседателот Илир Мета треба да биде разрешен затоа што тој го прекршил Уставот кога застанал зад една политичка партија за време на неодамнешните избори, пренесува АП.
Минатата недела, пратениците формираа Истражен комитет за да одлучат дали ќе биде покрената постапка против претседателот Илир Мета, а 49 пратеници на Социјалистичката партија тврдат дека Мета го прекршил Уставот, бидејќи наместо да биде гарант за националното единство, тој застана на страната на опозицијата уште пред изборите на 25 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.