Албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер налог напиша дека против корона вирусот не може да се борите со политика, ниту со сештологија, уште помалку со страв и со паника и додаде дека се преземени сите мерки во соработка со Светската Здраствена Организација.
Ние од првиот момент на неговото појавување се подготвуваме во тесна соработка со Светската Здравствена Организација. Правевме и правиме сè според планот. За жал, оваа земја, при секоја природна непогода или катастрофа или здравствена итна состојба што се појавува, мора да се соочи и со својата голема несреќа на канали и портали, каде во овие случаи цветаат незнаењето, злобата, мрзеливоста и лакомоста на маскарадата, која во вакви случаи станува нечовечност, напиша Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.