Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја ја завршила домашната задача за добивање почеток на преговори со Европската Унија (ЕУ), но дека тоа не е прашање на живот или смрт.
Рама во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ искажа разочарување за состојбата.
Тоа е еден тежок момент. Но, реформите ги направивме затоа што и се потребни на Албанија – вели Рама.
За тоа какви се односите на Албанија со Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, Рама вели дека никогаш не биле подобри.
Никогаш не биле подобри, секако дека има проблеми како признавањето на Косово од Србија, но мислам дека можеме да изградиме заеднички пат. Потоа од нас зависи дали ќе успееме или ќе сакаме да паднеме во замките на минатото – одговори Рама.
Албанскиот премиер вчера беше гостин на италијанскот премиер Марио Драги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.