Платите на пратениците и членовите на Владата ќе бидат преполовени до „крајот на војната со коронавирусот“ најави албанскиот премиер Еди Рама,во рамки на владиниот план за справување со настанатата ситуација по појавата на коронавирусот.
Додаде дека вакво нешто нема да се случи со платата на претседателот, заблагодарувајќи му се за помошта што ја дава во овој момент.
Засега нема да допираме никакви други плати освен оние на пратениците и министрите, кои ќе добиваат само половина од платата до крајот на оваа војна. Нема да се намали платата на претседателот кому би сакал јавно да му се заблагодарам, бидејќи тој помага како што знае и умее уште од почетокот на оваа војна, рече Рама.
Експресно реагираше шефот на државата Илир Мета велејќи дека самоволно се согласува за преполовување и на неговата плата.
Институцијата претседател на Републката се солидаризира со намалувањето на годишниот буџетски фонд во интерес на нивно пренасочување како поддршка на здравствениот и другите сектори кои се на првата линија во справувањето со глобалната пандемија „Ковид-19“. Сенационална соработка, сеопфатност, хуманост и солидарност ќе ни ја дадат целата неопходна позитивна моќ да го победиме овој предизвик, победувајќи го стравот, со непоколеблива верба во иднината и во Бога, напиша Мета.
Инаку, во рамки на планот за ублажување на последиците од коронавирусот Рама најави дека се издвојуваат 370 милиони американски долари од буџетот за здравството, бизнисот и лицата во социјален ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.