Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека е убеден оти сите земји од регионот ќе станат дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

На церемонијата по повод годишнината од германската фондација Фридрих Еберт во Албанија, Рама посочи дека не постои друг начин освен „Отворен Балкан“.

Отворениот Балкан е вистинската идеја во вистинско време, и без сомнение секој ќе ја прифати идејата чекор по чекор. Немаме време за губење. Треба да бидеме целосно отворени еден со друг за да создадеме слика за тоа што сакаме да бидеме. Така добиваме време од иднината. Тоа е иднината, нема друга опција освен да се отвориме еден кон друг – истакна Рама.

Премиерот на Албанија оцени дека ова добило време бидејќи, како што смета, земјите од регионот ќе бидат принудени на тоа во моментот кога ќе влезат во ЕУ.

Според Рама, никој на Западен Балкан нема луксуз да ја остави економијата на страна и да се занимава првенствено со политика во интерес на партијата.

Тој го нарече процесот на европска интеграција непредвидлив поради пречките што може да се сретнат „на патот“, наведувајќи го ветото наметнато од Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.