Премиерот на Албанија, Еди Рама, најавувајќи го формирањето на новиот состав на владата, истакна дека ќе остане посветен на иницијативата за „Отворен Балкан“.
Рама порача дека воопшто не го загрижуваат контроверзите и обвинувањата во однос на овој проект.
Меѓународната репутација, почитта кон нашите сојузници, вклучувањето на дијаспората како никогаш досега во однос на владата, самата слика за нашата земја, немаат никаква споредба со 2013 година. Тие денес се многу повисоки отколку во 2017 година. Го заокружувам својот мандат со реализација на сите услови за интеграција и со отворање на ново поглавје, како иницијатор на „Отворен Балкан“. Контроверзноста околу „Отворен Балкан“ и ужасните обвинувања против владата и мене воопшто не ми пречат и воопшто не треба да ни пречат во третиот мандат. Има многу чад и оган, но новата влада ќе оди напред и во оваа насока, без да пропушти ниту еден ден. Уверен сум дека со владата на Косово ќе направиме многу добра работа, и покрај несогласувањето околу „Отворен Балкан“ – изјави Рама.
Албанскиот премиер додаде дека „Отворен Балкан“ е поддржан од германската влада што е спротивно на „тоа што им се кажува на луѓето во Приштина и Тирана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.