Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.
Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета за зачудувачки, при тоа потсетувајќи на „клучниот придонес на Албанија и Албанците во демократските процеси кај соседната земја“.
Според него ова барање од страна на Пендаровски, не е ниту праведно, ниту практично.
Претседателот Пендаровски подразбира фаворизирање на раздвојувањето од Албанија во преговорите? Изненадувачки е овој пристап, особено кога го зема во обѕир клучниот придонес на Албанија и Албанците за демократските случувања и за европскиот пат на пријателската држава. Тоа, фактички не изгледа ниту праведно, ниту практично, пишува Рама.
Presidenti @SPendarovski nënkupton favorizimin e ndarjes nga Shqipëria në vendimin për negociatat?Çudi kjo qasje, sidomos kur konsideron kontributin kyç të Shqipërisë&shqiptarëve në zhvillimet demokratike&rrugën europiane të shtetit mik.S’duket as e drejtë as praktike faktikisht!
— Edi Rama (@ediramaal) June 15, 2019
Изјавата на македонскот претседател ја коментираше и поранешнот шеф на абанската дипломатија, Дитмир Бушати, според кого раздвојувањето на Македонија од Албанија би била стартешка грешка на ЕУ.
Според ЕК и Албанија и Македонија ја завршија домашната задача. Во вакви услови нивното одвојување би била стратешка грешка за ЕУ. Потребата за започнување на преговорите соодветствува на барањата на општествата на двете земји, на историјата и регионот, напиша Бушати на Твитер.
Пендаровски изјавата ја дал за Еуроактив за време на посетата во Брисел ,при што додал дека најголем проблем е како да се изведе раздвојување.
Во Албанија е хаос сега. Опозицијата ги напушти институциите. Што да кажеме? Ние имавме позитивна препорака од Комисијата и претходно, а и порано сме биле одвоени од Албанија, изјавил Пендаровски за Еуроактив во четвртокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.