Албанскиот премиер Еди Рама изрази искрено и длабоко сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која 46 лица, главно македонски државјани го загубија животот.

Во објава на Фејсбук, Рама овој трагичен настан го опишува како „огромна болка“ и вели дека нема збор за трагедијата каде животот го загубија речиси сите патници.

Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници. Огромна болка, напиша Рама.

И лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

Шокиран сум од страшната трагедија во Бугарија која предизвика загуба на толку многу животи на патници, меѓу кои и многу наши сонародници, меѓу кои и многу малолетници. Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите. Господ да им даде сила да се соочат со оваа страшна болка, пишува Баша.

Албанските медуми, без исклучок, сите пренесуваат информации за несреќата, како и за итното заминување за Бугарија на премиерот Зоран Заев и министрите Бујар Османи и Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.