Денеска е трети ден откако патиштата на  двата гранични премини кои ги поврзуваат Косово и Србија се блокирани. Премиерот на Албанија Еди Рама при посета на Косово го осуди однесувањето на Србија во однос на владината одлука на за реципроцитет со регистарските таблици. Албанскиот премиер исто така ги осуди инцидентите со палење на станици за  регистрација на возила на север во Косово.

„Денеска сум сведок на  оени театрални маневри на Србија на границата со суверено Косово. Таквите маневри не ги штитат српските граѓани на северот на Косово како што претендира раководството на официјален Белград“, истакна Еди Рама.

Рама на  новинарско прашање дали разговарал со Вучиќ за преговори во врска со случувањата на северот, рече дека тука нема што да се преговара,  бидејќи правдата е со Косово и дека Албанија е на страната на Косово.

„Тука нема што да се посредува. Тука сме во услови кога правдата е со Косово и толку. И тоа е многу јасно. Ние сме на страната на Косово, како што е цела меѓународна заедница и како што реков, читањето за носење специјални единици како причина за да се прави театар со хеликоптер и авион во Србија, е најпогрешното читање“, посочи Еди Рама.

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека е во постојан контакт со КФОР и сите меѓународни институции.

„Утрово очекував средба со генералниот командант на КФОР, генерал Федериќ и заедно со министерот за внатрешни работи Џељал Свеќла сме во постојана комуникација со сите меѓународни институции во Косово и нивните дипломатски претставништва, но и нивните безбедносни механизми, специјалната единица на Косово не е во Брњак и Јариње на начин за да ја задоволиме и да се радуваме на ваквата ситуација, тие таму се на задача, и нивната задача е да ги браната граничните премини и граничната полиција“, посочи Албин Курти.

Инаку патиштата кон граничните премини кај Јариње и Брњак се блокираник  од локалните Срби со камиони  и друга тешка опрема во знак на протест за одлуката за реципроцитет во однос на регистарските таблици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.