Премиерот на Албанија, Еди Рама, по затворањето на гласачките кутии одржа прес конференција каде изјави дека на локалните избори победила иднината, а изгубила опозицијата.

Опозициските партии инаку ги бојкотираа изборите.

Изминативе месеци на политички поделби беа инспирирани, охрабрени и организирани со цел да се спречи напредокот кон Европа, кон демократско обединување и кон интегрирање на Албанците. Иднината, државата и надежта победија денеска. Албанија и европската иднина победија денеска – рече Рама.

Тој и се заблагодари на меѓународната заедница, а испрати и порака на извинување. Според Рама, претставници од меѓународната заедница биле навредени од опозицијата.

Ви благодарам САД, ЕУ, ОБСЕ и сите други од демократскиот свет кој придонесоа за оваа битка. Не само благодарам, туку имам и извинување до пријателите од странство кои беа предмет на срамен напад. Тие напади не посрамотија како земја и како народ. Нов ден ќе се роди сега и ќе ја најде Албанија ослободена од кошмарите – рече Рама.

Инаку, излезноста на изборите е 21,6 отсто, односно гласале 771.863 гласачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.