Објавените снимки од прислушуваните разговори во германскиот весник „Билд“ го налутија албанскиот премиер Еди Рама,кој најави тужба против новинарот Питер Тиде.
Рама на Твитер напиша дека одлучил ова прашање „да го однесе во суд во Германија“, бидејќи таму правдата „не си игра со тајните од една истрага, достоинството на граѓаните и почитта кон државата“.
Решив да го однесам овој новинар во германските судови, во оваа благословена земја, каде што правдата не си игра со тајни од истрага и каде што достоинството на луѓето и државите се почитува како непроценлива вредност. Ајде да видиме кој е во право во оваа пропуштена историја на правдата, пишува Рама, кој претходно објавувањето на снимките од прислушуваните разговори ги оцени како уцена.
I decided to sue this journalist to German courts and in that blessed country, where justice is not a game of investigation secrets and the dignity of people and states is respected as a value no one can undermine, let see who’s right and who’s wrong in this story of injustice!
— Edi Rama (@ediramaal) June 17, 2019
Новинарот Тиде му одговори на Фејсбук. Тој пишува дека „Рама сè уште не слушнал за независно судство“, па затоа бара истрага од обвинителството. Бидејќи Рама е во Лондон, го советува да научи таму што значи независно обвинителство и функционални судови.
Бидејќи шефот на албанската влада сè уште не слушнал за независно правосудство сега бара обвинителот да истражува. Бидејќи Рама сега е во Лондон, мора да добие лекција за тоа што се независни обвинители и вистински, функционални судови, напиша Тиде.
Тиде почна да објавува текстови и аудиоснимки од албанскиот премиер во почетокот на месецов. Во првот текст „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“ весникот „Билд“ пренесе снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови ги купиле гласовите за партијата на премиерот Еди Рама.
Во разговорите главен е мафијашот Астрит Авдулај, кој разговара со градоначалникот на Драч и директорот на „Водовод“ да се обезбедат гласови со закани и купување.
Вчера, пак, во текстот „Прислушувани разговори докажуваат дека се манипулирани изборите во Албанија“ објавени се 16 разговори за Пешкопеја, а на нив се слуша и гласот на премиерот Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.