Албанскиот премиер, Еди Рама на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Македонија, Стево Пендароски, е целосна спротивност од неговиот албански колега Илир Мета.

Мојот добар пријател, претседателот Пендаровски, е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите. Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спротивното. Тој е дел од напорите до крај да се создаде сомневање дека Албанија не заслужува отворање преговори. Со неговото однесување, неговиот пристап, бруталноста и неодговорноста со кои тој го толкува Уставот и скандалозната интервенција во изборниот процес тој е во целосна функција на план смислен на опозицијата. Тој е претседателот кој не тера да се чувствуваме засрамено, рече Рама.

Претставувајќи го кандидатот на Социјалистичката партија, Пали Колевски, за градоначалник на Пустец, тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.