Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Косово и Албанија имаат намера да ги „отстранат границите“ и дека албанското пристаниште Драч наскоро ќе стане „косовско“.

Тој ова го изјави пред почетокот на седницата на албанската и косовската влада, што се одржува во Конгресната палата во Тирана.

Нашата амбиција е да ја отстраниме границата меѓу Албанија и Косово. Верувам дека е важно министрите за внатрешни работи на двете земји да ја засилат својата работа за да овозможат контрола во граничниот премин во реално време, што ќе ни овозможи конечно да ја отвориме границата без да изгубиме ниту еден сантиметар и на фронтот против нелегалните активности и против каква било форма на злоупотреба на слободата на движење – рече Рама.

Договорот што наскоро ќе го потпишеме за да ги олесниме царинските процедури меѓу двете земји не води кон дестинацијата, трансформацијата на пристаништето Драч во де факто пристаниште на Косово, рече Рама.

Како што се наведува, приштинската делегација беше пречекана во Албанија со најголеми почести, но во неа не беа министрите од Српската листа, Горан Ракиќ и Далибор Јевтиќ.

По состанокот, се очекува да бидат потпишани три договори за царина во Драч, железничка линија и хидроцентрала за Косово, која ќе биде изградени во Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.