Албанскиот Парламент денеска со 78 гласови „за“, без присуство на опозициските пратеници, ја одoбри Уредбата со која актуелнот премиер Еди Рама ја презема и должноста министер за Европа и надворешни работи на Албанија.
Претходно, со 77 гласови „за“ и еден „воздржан“ парламентот од оваа функција го разреши досегашниот шеф на дипломатијата Дитимир Бушати.
На 16 јануари албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство ги избра новите министри во реконструираната Влада, а уредбата за именување на Рама и за пеф на дипломатијта, претседателот на Албанија, Илир Мета ја потпиша два дена подоцна, на 18 јануари.
Претходно, Мета одби да го именува Косовецот Гент Цакај за министер за Европа и надворешни работи, по што премиерот Рама самиот се предложи за оваа функција, предупредувајќи го шефот на државата дека „ќе се видат во новиот Уставен суд“.
Опозицијата, упати тешки обвинувања до премиерот Рама, а новите министри ги нарече кукли.
– Денеска имаме персонална власт на Рама, која ја уништи секоја демократска институција и го уништи правото на глас, како елементарно демократско право. Го уништи Уставниот суд, Обнителството. Земјата денеска е во вонредна национална состојба, обвини од собранската говорнца, лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, по што пратениците од опозицијата ја напуштија салата.
Откако опозицјата ја напушти седницата од собраниската говорнца се обрати и премиерот Рама, кој главно зборуваше за 21 јануари 2011 година, кога на масовниот протест пред Владата беа убиени четворца демонстранти.
– Пред осум година оваа опозиција им ги одзеде животите на четири невини граѓани, настан кој сè уште е отворена рана, обвини Рама.
Тогашните протести ги организираше Социјалистичката партија, која беше во опозиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.