По предупредувањето на утринската вонредна седница на владата и објавата на Твитер, Рама уште еднаш повторно ги предупреди медиумите дека, согласно со вонредната ситуација, ќе ги затвори ако продолжат со ширење на лажни вести и паника.
За последен пат ги предупредувам порталите, каналите и другите медиуми дека под услови и правни рамки со вонредна ситуација ќе бидам присилен силно да интервенирам и да ги затворам до крајот на оваа драматична фаза, ако продолжат со лажните вести и ширење паника-порача Рама на својот Фејбсук профил.
Paralajmëroj për herë të fundit portalet e kanalet e informimit se nê kushtet dhe kuadrin ligjor te Gjendjes së Jashtezakonshme, do jem i detyruar te nderhyj forcerisht per mbylljen e tyre deri ne fund te kesaj faze dramatike, nese vazhdojne me lajme te rreme qe hapin panik!
— Edi Rama (@ediramaal) November 28, 2019
Рама претходно на Твитер ги предупреди медиумите дека, како што рекол, во оваа сериозна ситуација мора да се мери секој изговорен и напишан збор.
Во истиот тон, Рама утринава говорел и на седницата на владата, а потоа на Твитер ги повика медиумите веднаш да прекинат со пласирање на искривена слика за ситуацијата на загрозените подрачја.
Во оваа вонредна ситуација, каде мора да се мери секој збор, е недозволиво да се објавуваат шарлатанства на домашните и странски медиуми, или искривено да се толкува ситуацијата под разни изговори и објаснувања …“, напиша Рама и со големи букви додаде: „Запрете го тоа сега! Веднаш!“.
Рама на седницата на влада рекол и дека ситуацијата е многу сериозна и дека сега, како што рекол е време за психијатри, а не за астролози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.