Новинарот Џек Парок на својот Твитер објави фотографија со албанскиот премиер Еди Рама, од интеврвју на кое Рама бил во шорцеви, но и босоног. Интервјуто било дадено за група европски новинари.

Парок објаснува дека ова интервју било нешто поразлично од другите кои досега ги има правено.

„Албанскиот премиер Еди Рама не пречека бос, во шорц и летна маичка. Разговорите беа фокусирани на потенцијалниот почеток на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Интервјуто ќе биде емитувано на Јуроњуз во наредните денови“, објави новинарот Парок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.