Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница денеска оцени дека земјата води војна со Ковид-19 на два фронта. Според него, битката со здравјето Албанија ја добива а ќе ја добие и со економијата.
Јас знам да го кажам ова, дека ниту една земја во светот не направи ништо повеќе отколку што направивме ние. Ништо повеќе. Не случајно е што Албанија се рангира меѓу државите со најлесните рани во однос на многу други земји со различна големина и можности. За среќа, се најдовме во ситуација кога имавме привилегија да се повикаме на експертиза на високо ниво, на онаа на Комитетот на експерти, кој со спроведената стратегија, докажа дека во овие услови Албанија нема кому да му завидува. Не сум бил во можност да прочитам ниту еден светски експерт кој кажал нешто ново или непознато за нашите експерти. Јасно е дека оваа војна има два фронта, фронтот на соочување на линијата на огнот и непријателот во телото на нашите луѓе и фронтот на битката за економски опстанок денес и закрепнувањето утре, рече Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.