Премиерот на Албанија, Еди Рама смета дека неговата земја ги исполнила сите услови за интеграција во Европската унија, но дека станала колатерална штета поради бугарското вето за  Македонија.

Рама во интервју за „Франс 24“, ситуацијата во која се наоѓа Албанија ја оцени како „апсурдна“.

 

„Ние сме во многу апсурдна ситуација, бидејќи Албанија во моментов е колатерална штета на конфликтната ситуација меѓу Бугарија и Македонија, иако добивме зелено светло не само од Европската комисија, туку и од Европскиот совет“, рече Рама.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.