Eди Рама нагласи дека во Косово не дошол некому да држи лекции, туку само за поддршка, затоа што, како што порача, „Албанија е должна да го поддржува Косово безусловно “.
– Јас не дојдов тука за да ги обединам сите политички партии или нивните водачи на една маса, затоа што, како прво, тоа не е моја задача и, како второ, би било прескокнување на етичките рамки. Сум видел во Косово водачи кои му даваат упатства на целиот народ, каде и да се наоѓа, но јас не сум таков. Не мислам дека пролетерите од сите земји треба да се обединат, рече Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.