Албанскиот премиер Еди Рама, презентирајќи ја програмата за обнова на последиците од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември 2019 година, ја нападна опозицијата, велејќи дека ако тие победат на 25 април, овој процес ќе биде прекинат на половина од неговата реализација.

За мене, процесот на реконструкција е процес на потврдување на нашата амбиција, процес на докажување на вистината на нашиот збор дека никогаш нема да оставиме никого сам, тоа е процес на истакнување на многу голема разлика помеѓу нас и оние кои тврдат дека се враќаат со добивање мандат, бидејќи тие не направија ништо, воопшто не се променија. Дали некој мисли дека овој процес може да заврши, ако на 25 април се прекине овој процес и ако на 25 април судбината на земјата падне во рацете на оние кои се познати по уништувањето што го направија – изјави Рама.

Според Рама, точно било дека семејствата погодени од катастрофалниот земјотрес сакале што побрзо да се вратат во своите домови, но дека тоа е процес кој трае подолго време.

Поминаа само 15 месеци и можете ли да ми кажете каде една компанија, еден градежник, кој гради зграда за 15 месеци. Во најдобар случај, проектот трае две години, од почетокот со градба. Многумина кои велат дека изборите се наблжуваат и затоа работите. Не. Сите овие градилишта кои денес се отворени во Албанија, почнаа со работа пред две, три, четири, пет години. Додека градилиштата за обнова на последиците од земјотресот не доцнат, туку напротив се со планирата динамика. За да стигнеме до почеток на градба, моравме да се справиме со бескрајни документи за сопственост – изјави Рама.

Тој додаде дека е многу горд што Владата на учениците, родителите, наставниците, училиштата, градинките, им враќа објекти кои сега се според сите стандарди и оти разликата е како ноќ и ден, со оние претходните. Според Рама, сега училишта и градинките се идентични со оние во земјите членки на Европска Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.