Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер“ ќе ги прекине своите редовни летови од аеродромот во Стокхолм кон Бања Лука, Ниш и Подгорица поради затворање на своите бази.
Исто така, компанијата ги укинува и сезонските летови до Риека. Меѓутоа сезонските летови кон Задар остануваат и понатаму.
Авиопревозникот објасни дека до затворање на базите доаѓа поради доцнење на испораката на авионите Боинг 737 макс, кои моментно се приземјени со одлука на регулаторните органи низ светот.
Очекуваме да го намалиме капацитетот кон многу други дестинации и моментно разговараме со нашите луѓе, синдикатите, како и со аеродромите опфатени со оваа одлука, со цел да ги завршиме таквите помали редукции, соопшти авиокомпанијата.
„Рајанер“ кон и од аеродромот во Стокхолм превезувал околу 1,2 милиони патници годишно, што е околу половина сообраќај на тој аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.