Радман: Ќе поддржиме тоа што е реално

Балкан 02.01.2020 / 14:59

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, изјави дека се големи очекувањата од Самитот на Европска Унија во Загреб во мај, на кој главна тема ќе биде проширувањето со земјите од Западен Балкан, но оти истите мора да бидат усогласени со степенот на реформи што сакаат да ги постигнат земјите.

 Треба да се управува со очекувањата, а од друга страна ние ќе го поддржиме тоа што е реално и можно. Процесот на влез во ЕУ не е од денес за утре и ние работевме силно и тешко на исполнувањето на сите критериуми и мерила – посочи Радман за Н1 Загреб.

Министерот нагласи дека Хрватска, која од вчера претседава со ЕУ, ќе се залага и за соседството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.