Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, истакнал дека во својот дијалог со Република Македонија, Бугарија ги брани не само националните интереси, туку пред се вредностите на Европската Унија, што се темелат на демократија и почитување на човековите права.

Разговорот бил инициран од германскиот претседател во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Словенија на 5 и 6 октомври, соопшти Кабинетот на Радев.

Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза европската интеграција на Република Македонија – нагласил Радев.

Според соопштението, Радев истакнал дека се врши притисок врз луѓето кои отворено го искажуваат својот бугарски идентитет, и оти, како што се наведува, такво нешто се случило за време на тековниот попис на македонското население.

Претседателот на Бугарија,истакнал и дека бројните декларации и ветувања дадени кон Бугарија во текот на годините од страна на државниот врв на Република Македонија, остануваат неисполнети, вклучувајќи го и билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.