Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија.
Тој вели дека ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат.
Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени. Очекувам одговорност од сите нив, сакам да видам јасна посветеност на бугарскиот Парламент и ќе биде јасно кој работи за народот, а кој сее хаос – истакна Радев.
На прашањето на која политичка сила ќе и го предаде третиот мандат, откако има најава дека вториот ќе биде вратен од ГЕРБ-СДС, Радев одговори дека ќе одлучи откако ќе се запознае со идеите на партиите за формирање влада.
Буџетот е првиот важен чекор што треба да го преземе сегашното Национално собрание. Ова е главната причина за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност. Не можеме да се однесуваме кон бугарските граѓани на неодговорен начин. Не можеме да ги оставиме луѓето во претстојна пандемиска криза без финансиска и социјална поддршка за бизнисот, здравството и медицинските лица од прва линија – порача Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.