Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека ќе стави вето на измените на изборниот закон.

На прашањето дали гледа основа за ставање вето на ревизиите што се усвојуваат, тој рече: „Категорично“.

Покрај тоа што ги гледа амандманите како обид да се остави отворена изборна манипулација, Радев укажа и на економскиот аспект, тврдејќи дека инвестирањето во набавка на машина за броење ќе биде бесмислено.

Властите очигледно се обидуваат да влијаат и да ги манипулираат изборите по своја волја, рече бугарскиот претседател.

Тој додаде дека радикализацијата на протестите е нормална реакција, бидејќи демонстрантите „беа навредувани, игнорирани, па дури и тепани“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.