Шефот на државата отсекогаш бил покровител на прославите на епопејата во Шипка, а денеска тие се организираат со граѓанска иницијатива, без партиски бои. Но, владата го повтори срамното сценарио од 3 март, кога, се сеќавате, сите планирани прослави во главниот град и во земјава беа одобрени и одржани, а целта беше една и единствена – претседателот да не оди во Шипка и да не зборува, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на платото пред споменикот на врвот Шипка, пред да се искачи на 800-те скалила од споменикот по повод 143-годишнината од епопејата, пренесе БГНЕС.
Радев додаде, доколку тие беа толку загрижени за здравјето на луѓето, владата не би го одржала својот масовен партиски собир пред неколку недели.
Прославите на Шипка се вековна традиција, тука се раѓа слободна Бугарија. Некои очигледно сакаат да го забранат собирањето слободни луѓе, но како што можете да видите, тоа нема да се случи, секој бугарски граѓанин има право да ја изрази својата волја и да го испочитува овој празник, кажа бугарскиот претседател, во прозивката на владата.
Треба да биде јасно дека патот до уставни промени минува низ итна оставка на владата и јавниот обвинител, како и самораспуштање на парламентот и предвремени избори. Предлозите за измени во Уставот единствено се насочени кон купување време и бетонирање на статус кво. Мафијата се обидува да ја смести Бугарија во ќорсокак, обидувајќи се зад неправилното брзање за нов Устав да ја скрие корупцијата, фиоките, записите, беззаконието, рекетирањата. Денешниот парламент е дискредитиран, тој веќе го изгуби и легитимитетот и достоинството. Гледате како партиите ги менуваат своите позиции на секои 24 часа и се повеќе стануваат симбол на самопонижувањето, додаде Радев.
Според него, единствената правилна одлука е распуштање на ова Национално собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.