Румен Радев е реизбран за претседател во вториот круг од претседателските избори во Бугарија со речиси двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат, пренесе БГНЕС.
Според Галуп, Радев ја доби поддршката од 65,7 отсто од гласачите. За неговиот противкандидат – проф. Анастас Герџиков гласале 31,5 отсто од гласачите.
Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 2,8 отсто од излезените на гласање. Излезноста во 19 часот била 29,1 отсто. Според податоците од излезната анкета на Тренд, за Радев гласале 64,5 отсто од гласачите, а за Герџиков 33,6 отсто. Копчето „Не поддржувам никого“ го притиснале 1,9 отсто од гласачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.