Независниот кандидат на претседателските избори во Бугарија, актуелниот претседател Румен Радев изјави дека денешните избори ја покажале решителноста на општеството да справи со корупцијата, беззаконието, авторитаризмот, обидите за мимикрија и манипулациите за да се поколебаат луѓето да гласаат.

Тој рече дека партиите во Бугарија имаат  задача да формираат влада и таа мора да биде реформска, антикорупциска, социјална и транспарентна, како и поддржана од јасно мнозинство кое не остава сомнеж.

На 21 ноември ќе се одржи вториот круг од претседателските избори во Бугарија, а Бугарите ќе можат да избираат меѓу Радев и неговиот противкандидат ректорот на Софискиот универзитет, Анастас Герџиков, поддржан од ГЕРБ на Борисов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.