Претседателот на Бугарија Румен Радев, за време на неговата посета на Карџали, изјави дека привремената бугарска влада ги бара сите можни решенија за поднесување на европскиот План за опоравување.
Според Радев, има два предизвици со кои се соочува преодната влада. Првиот е реформа на судскиот систем во Бугарија, каде што како основно прашање е отчетноста и одговорноста на генералниот обвинител, а вториот е да се посочи датата за затворање на електраните на јаглен во земјата.
Бугарија е една од последните членки на ЕУ која се уште не го доставила својот национален план до Европската комисија. Според планот за закрепнување, земјата може да смета на шест милијарди евра од Брисел, од кои 13 отсто може да се добијат како аванс.
Меѓутоа, како што потсетуваат локалните медиуми, Софија е должна да го достави својот план до Брисел, а потоа да го добие одобрението.
Според претседателот Румен Радев, енергијата на јаглен во моментов гарантира автономија, без оглед на цената. Според него, треба да има јасно решение и консензус, како и долгорочна визија во врска со т.н. зелен договор.
Радев смета дека треба да се продолжи рокот за затворање на електраните на јаглен.
Претходното од раководство на ГЕРБ поставија рок за затворање на овие постројки до 2036 година – додаде Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.