Бугарскиот претседател Румен Радев изразил подготвеност Бугарија да донира вакцини против Ковид-19 за соседните држави од Западен Балкан.
По видео-состанок со претседателот на ЕС, Шарл Мишел, Радев ја нагласил неопходноста од воспоставување правила, принципи и процедури за такви донации.
Бугарскиот претседател повикал и за формирање „зелени коридори“ за туристите од европските држави.
На видео состанокот учествувале и премиерката на Финска Сана Марин, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и премиерот на Малта Роберт Абела.
Фокус во разговорите бил за претстојното вонредно заседание на ЕС на 24 и 25 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.