Предмалку е пукано со огнено оружје врз канцелариите на Деморкатската пaртија на Албанија во градот Каваја – „NEWS1.ALBANIA“.
Во нападот има неколку повредени лица, а засега според првите неофицијални извештаи нема мртви.
Постојано растат тензиите во пресрет на изборите закажани за в недела, а приврзаниците на двете партии имаат се повеќе фанатични следбеници.
Претседателот на Демократската апртија, Љуљзим Баша, ведаш ја прекинал кампањата и се упатил во градот Каваја порачувајќи дека нападот е како што рекол „политички тероризам“ организиран од Социјалистичката партија на Еди Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.