Утринава во пукање во белградската населба Ѕвездара ранета е 40-годишната Љубица М. која завршила со три куршуми во ногата. Инцидентот се случил околу 07.30 часот, а жената со прострелни рани на потколеницата била итно префрлена на Ургентниот центар.

Според првите и нефоцијални информации, напаѓачот во неа испукал неколку куршуми и избегал со скутер.

На лице место веднаш дошле полиција и Итна помош. Мотивот за пукањето засега е непознат, ферензички увид и истрагата се во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.