Престрелка имаше во северно Косово, при што е рането 22-годишно момче. Машко лице од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот. Нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.

Инаку денеска има вонредни избори во северно Косово. Граѓаните на четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население, избираат градоначалници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.