Опозициските пратеници во црногорскиот парламент предупредија во четвртокот навечер на можно насилство доколку владата не се откаже од спорниот закон на кој се противат речиси сите цркви и религии во Црна Гора, а за кој Српската православна црква (СПЦ) тврди дека е само параван за да можат да бидат грабнати нејзините цркви и манастири во оваа земја.
Додека трае жестоката расправа во парламентот, полицијата го блокираше центарот на Подгорица стравувајќи од масовни собири на граѓаните и силни полициски единици ги обезбедуваат сите важни институции, вклучително и јавната телевизија РТЦГ.
Ситуацијата ескалира во црногорското собрание откако дојде до инцидент за време на седницата на која се гласаше за Предлог-законот за слобода на вероисповедта, со кој се забранува СПЦ на териотрија на Црна Гора.
Собраниското обезбедување влезе на пленарната седница и застана помеѓу претеседателот на Собранието Иван Брајовиќ и пратениците на Демократски Фронт. ДФ бараат седницата да се одложи за утре.
Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и министрите ја напуштија пленарната сала, а пратениците на ДФ Милан Кнежевиќ и Андрија Мандиќ скршија дел од техниката која се наоѓа на масата на претседавачот со Собранието.
Пред инцидентот се слушна експлозија во собраниската сала, а на новинарите им било кажано дека се работи за петарда.
Како што пренесуваат црногорските медиуми, полицијата ги избркала пратениците на ДФ надвор од собраниската, а потоа и сите пратеници на опозицијата се уапсени и префрлени во подгоричкиот центар за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.