Лидерот на СРС, Воислав Шешељ предупредува дека хашкиот трибунал сака да се ослободи од Ратко Младиќ така што ќе ја предизвика неговата смрт, пишува порталот „Србија данас“.
Да беше редовен суд, легален и легитимен, ако се суди според закон и правда, тогаш Ратко Младиќ сигурно ќе беше ослободен од обвинение, бидејќи нема ниту еден доказ дека тој лично учествувал во некое кривично дело, на кој било начин. Сепак, овој суд е од политичка природа. Мислам дека ќе ја објават пресудата утре, а потоа ќе бараат ден да се ослободат од Младиќ, со тоа што ќе ја предизвикаат неговата смрт – рече Шешељ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.