Статуа на Александар Македонски утрово денеска беше поставена во центарот на Атина, во близина на Храмот на Зевс. Се работи за статуа изработена од Јанис Папас во 1993, а подоцна беше откупена од Министерството за култура на Грција и подарена на градот Атина.
Како што пишува „Greek reporter“, статуата дури сега по 26 години беше поставена во Атина, поради политички и други причини.
Ваков потег ќе се интерпретираше како провокација, што немаше да помогне во преговорите за името меѓу Атина и Скопје, пишува весникот.
Официјалната церемонија за откривање на статуата ќе биде во петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.