Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за 16 февруари свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествува и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска земја актуелен претседавач со Советот на Унијата.

Според извори од ЕС, на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Состанокот, кој ќе се одвива во форма на работна вечера, е свикан во рамки на подготовките за самитот на сите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6 и мај во Загреб, пренесува Н1.

Свикувањето на состанокот следи неколку дена откако Европската комисија го објави предлогот за новата методологија за проширување на ЕУ. ЕК предлага нова и построга методологија на преговори за пристапување во ЕУ што беше услов на Франција за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.