Две лица се позитивни на тестовите за коронавирус во Бугарија, објави вечерва, началникот на воено-медицинската академија во Софија, Венцислав Мутафчииски, на прес-конференција.
Станува збор за маж од 27 години од Плевен и жена 75 години од Габрово кои не патувале во странство и не престојувале на ризични дестинации.
Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.
Двете лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.