Во Хрватска денеска се одржуваат први протести откако на сила стапи одлуката за задолжителни ковид-потврди за влез во јавни и државни установи.

Според локалните медиуми дел припадници на правосудната полиција и вработени во затворскиот систем од утрово протестираат пред затворот во Реметинац. Тие не прифаќаат покажување ковид-потврди при доаѓање на работа.

Протест против задолжителните ковид-потврди има и во Сплит пред полициска станица, јавија хрватските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.